20.8 C
Скопје

Мирел: За политичко решение со Бугарија, потребно е некој од ЕУ да ѝ рече доволно е, го загадувате процесот на проширување

Можно е политичко решение на спорот со Бугарија за време на техничката влада, но за тоа да се случи потребен е силен притисок од претседателството на ЕУ и некои земји членки, да речат на Софија доволно беше, го загадувате процесот на проширување и атмосферата околу него, вели поранешниот директор за проширување на Европската комисија Пјер Мирел во интервју за ТВ 24.

– Можно е да се понуди можност за, така да го наречеме, преодното решение. Тоа би можело да биде, Бугарија да се согласи да го крене ветото, и да објави декларација во која се вели дека ќе го продолжи дијалогот со Скопје за било кој проблем кој го имаат, вели Мирел во интервјуто.

Според него, тоа би било политичко решение кое, за да успее, ќе мора да се изврши многу силен притисок врз Софија од страна на претседателството на ЕУ и неколку земји членки.

– Да ѝ речат, доволно беше. Го загадувате процесот на проширување и атмосферата околу него. Сега е крајно време да се излезе од таа ситуација. Дотолку повеќе што, причините за ветото од Софија немаат никаква врска со критериумот за членство, вели Мирел.

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар