Мирел: На ЕУ и недостига политичка амбиција за земјите од Западен Балкан

Тој се сомнева дека без вистински Маршалов план, со кој ќе се „купат реформи” овие земји – освен Северна Македонија и Албанија – „не се навистина заинтересирани да преземат клучни реформи “.

Поранешниот директор на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Пјер Мирел, во интервју за веб-страницата Европски Западен Балкан оценува дека ЕУ го потцени наследството од војната и недостигот на големи инвестиции од осумдесетите години.

– ЕУ требаше да понуди широк финансиски пакет по самитот во Солун, ставајќи ја економијата во прв план. Покрај ова, ЕУ долго време и даваше предност на стабилноста, отколку на демократијата, со надеж дека главните билатерални проблеми ќе бидат решени со силни лидери. Резултатот од тоа беше „стабилократија”, како што велат некои универзитетски текстови, додава Мирел.

Тој, исто така, се сомнева дека без вистински Маршалов план, со кој ќе се „купат реформи” овие земји – освен Северна Македонија и Албанија – „не се навистина заинтересирани да преземат клучни реформи “.

Мирел притоа смета дека ЕУ треба да продолжи да го наградува напредокот на земјите од регионот, како тој на Северна Македонија и решавањето на билатералното прашање со Грција, нагласувајќи дека добрососедските односи и силните гестови на помирување треба да останат клучни услови за членство во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот