Мираковска: Повеќе од седум години имаме систем во кој јавното обвинителство не може да си ја заврши својата работа

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во новиот закон нема амнестија, вели Мираковска,  и новите предмети ќе се процесуираат до крај, горди сме што го изгласавме Законот за јавното обвинителство.

Соња Мираковска, член на НСДП, исто така одржа говор пред судовите во нашата држава, откако толпата која маршираше за правдата пристигна до судовите.

-Не е исто во Собранието и овде, тука имам трема. Чекориме за правда, бидејќи борбата за правда не е завршена и сè уште трае. Повеќе од седум години имаме систем во кој јавното обвинителство не може да си ја заврши својата работа, силно се газени човековите права. Осудени граѓани, без докази, за тоа ќе се говори во следен период- рече Соња Мираковска.

Во новиот закон нема амнестија, вели Мираковска,  и новите предмети ќе се процесуираат до крај, горди сме што го изгласавме Законот за јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот