Миовски: Среќен сум за добрата форма, само преку минутажа во клубовите може да се наметнеме во репрезентацијата

Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија денес славеше минимална победа од 1:0 во пријателскиот натпревар против Фарски Острови.

Човек на одлука со својот гол во финишот од натпреварот беше напаѓачот кој го носи дресот на Абердин, Бојан Миовски. Миовски е среќен што добрата форма од Абердин успеа да ја пренесе и во националниот тим.

„Среќен сум за придонесот во репрезентацијата и тоа што формата и головите ја пренесов во националниот тим со асистенција со Малта и денеска со гол против Фарски Острови. Против Малта беше важно да ги освоиме трите бода и со победа  да ги започнеме квалификациите за Европското првенство. Денеска беше одличен тест и за дебитантите и сите ние да се наметнеме за јунските натпревари. Во репрезентаијата можеме да се наметнеме само преку минутажа во клубовите и само со тимска игра можеме да очекуваме успех не само во квалификациите, туку и на секој натпревар“, вели Миовски.

Фудбалерите сега се враќаат во своите клубови до новиот циклус квалификациски натпревари кој е на програмата во јуни.

Милевски: Не бев задоволен од некои работи во првото полувреме, во второто направивме корекции

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот