Миовски се повредил, нема да игра против Ливерпул

Фото: EPA-EFE/GINTARE KARPAVICIUTE

Екипата на Жирона ќе мора да биде без услугите на македонскиот напаѓач, Бојан Миовски за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Медиумите во Шпанија објавија дека Миовски се здобил со повреда на последниот треинг и ќе мора да отсуствува одреден период.

Засега не се откриваат подетални информации и не е познато од каков карактер е повредата на македонскиот напаѓач.

Жирона и Ливерпул својот натпревар од најелитното европско натпреварување го играат утре од 18:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот