Миовски пред мечот со Фарски Острови: Многу е важно да почнеме со три бода

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската фудбалска А репрезентација е во Торшавн каде на 7 септември ќе го одигра првиот натпревар од новото издание во Лигата на нации против Фарски Острови.

Три дена подоцна во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат против Ерменија. Потсетување дека во групата од Лигата Ц е и селекцијата на Летонија.

Фудбалската федерација на Македонија објави дека цената на влезниците за натпреварот со Ерменија изнесува 200 и 400 денари. Продажбата на билети за овој меч се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

И овие два дуели се очекува нашиот главен играч во нападот да биде членот на шпанскиот клуб Жирона, Бојан Миовски.

Потсетување дека поради повреда својот настап го откажаа Александар Трајковски и Милан Ристовски.

– Во одлична група сме каде што сме фаворити и тоа треба да го покажеме на теренот. Мислам дека сите се подготвени, почнувајќи против Фарски Острови, дека ќе почнеме со три бода, бидејќи тоа е многу важно. Фарски Острови е аутсајдер, но треба да бидеме сериозни. Имаме своја стратегија од селекторот и ќе се обидеме да играме тимски. Да го отвориме што побрзо резултатот, ако тоа не се случи, ќе ни биде тешко, но се надевам дека тоа нема да биде така. Никогаш немам притисок за било што, ги знам моите квалитети од поодамна и нормално мотивација ми е да постигнувам голови и за репрезентацијата и за клубот. Секогаш кога сум на теренот, го давам максимумот, па мислам дека ќе си дојдат и головите – вели Миовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот