Миовски: Можеме да освоиме шест бода во дуелите со Ерменија и Исланд

Македонија на 11 и 14 ноември ја очекуваат натпреваpи против Ерманија и Исланд/ фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Фудбалерот на МТК и член на македонската репрезентација, Бојан Миовски верува дека „црвено-жолтите“ можат да освојат шест бода во последните два натпревари од квалификациите за пласман на СП 2022 година против Ерменија и Исланд иако селекторот Милевски има проблеми со повредите Аријан Адеми, Бобан Николов, Ердал Ракип и Адис Јаховиќ.

– Не очекуваат два важни натпревари во финишот на квалификациите. Сакаме да дојдеме до шест бода од овие два меча, па потоа да очекуваме разврската на другите натпревари во надеж и за второто место. Повредите се дел од фудбалот, ќе ни недостасуваат многу Адеми, Николов, Ракип, Јаховиќ…, но сите кои се тука верувам дека се повеќе од подготвени да го дадат максимумот за да ги исполниме задачите од селекторот и да успееме со шест бода да дојдеме и до бараж – изјави Миовски.

Видео на денот