Миовски: Чест е да се биде дел од репрезентацијата, нема што да загубиме против Германија

Миовски синоќа дебитираше за сениорската репрезентација/ принтскрин/ФФМ

Напаѓачот на МТК, Бојан Миовски синоќа дебитираше во сениорската репрезентација на Македонија во победата над Лихтенштајн од 0:4.

Миовски влезе во игра во 61 минута на местото на Милан Ристовски, и имаше две шанси, но не успеа да се запише во листата на стрелци. Миовски е задоволен со дебитантскиот настап во сениорската репрезентација.

– Мислам дека рано го отворивме Лихтенштајн. Имавме неколку шанси кога топката не сакаше да влезе во голот. Знаевме дека по првиот гол ќе биде полесно. Имаме спој од младост и искусни фудбалери, кои ни помагаат во тек на натпреварите. Мислам дека имаме одлична репрезентација за иднина. Да се биде дел од националниот тим е гордост. Чест ми е што дебитирав за репрезентацијата и во иднина се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот – вели Миовски кој му се радува на натпреварот со Германија кој на 11. октомври ќе се игра во Скопје.

– Треба да останеме сконцентрирани и мислам дека секој фудбалер ужива да игра против Германија, нема што да загубиме. Да дадеме се од себе и треба да ги исполниме барањата на селекторот Благоја Милевски и мислам дека ќе избориме позитивен резултат. Мислам дека Германците се силна репрезентација, која нема да нѐ потцени. Тие се свесни за тоа што ги чека, а ние со помош на публиката ќе направиме да не им биде лесно во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот