МИОА информира дека издадените дозволи за движење продолжуваат да важат

Министерството за информатичко општество и администрација информира дека претходно издадените дозволи за движење кои се назначени како трајни, продолжуваат да важат и за време на викендот, односно од 5-ти заклучно до 7-ми јуни. За останатите, продолжуваат да важат истите процедури за добивање на дозвола.

Како што се наведува во соопштението, до категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени: претставници на институции со одлука на Кризниот штаб на Владата, дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен, вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие.

Во оваа категорија опфатени се и дежурни вработени во погребални претпријатија, одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз и ловочувари во регистрирани здруженија, ЈП, национални паркови.

МИОА наведува дека сите дозволи што ги обезбедува се достапни преку порталот „uslugi.gov.mk”.

-Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурегџилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата, соопшти Министерството.

МИОА, како што посочува, не дава дозволи за движење на приватни фирми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот