Минусни температури во цела држава, на Попова Шапка -16 степени

epa08928120 Cars left behind along the M30 ring road in the aftermath of a heavy snowfall in Madrid, Spain, 09 January 2021. Storm Filomena brought the heaviest snowfall in decades. EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

УМХР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег.

Минусни температури изутрина во седум часот се регистрирани во целата држава, а најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени -16 степени. Во Берово и Маврово се регистрирани -15 степени,  -14 во Крушево и  Претор, -13 Битола, -12 Охрид, -11 Крива Паланка, -10 Прилеп, -8 Тетово, -7 Штип, Струмица, -6 Куманово и Демир Капија, -5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Дојран, а во Гевгелија – 3.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 32 сантиметра, 20 во Битола, осум во Крушево, седум во Маврови Анови,  а по шест односно пет сантиметри во Охрид и во Претор и Ѓуриште, два во Крива паланка и еден во Пожаране.

УМХР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу 0 степени.

Во наредните денови, информираат од УХМР, следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот