Минск иницира истрага за употребата на специјална опрема на полските сили врз мигрантите на границата

Мигранти на полско-белоруската граница
Употреба на специјална опрема од страна на полските сили врз бегалците на заедничката граница со Белорусија / Фото: EPA-EFE/LEONID SCHEGLOV

Официјален Минск ќе отвори истрага за употребата на специјална опрема од страна на полските сили врз бегалците на заедничката граница.

Во истрагата ќе бидат вклучени и меѓународни организации, се наведува во денешното соопштение од белоруското Министерство за надворешни работи.

– Таквите акции директно прекршуваат бројни меѓународни и билатерални правила и договори. Всушност, тешко е да се замисли оправдување за употреба на специјална опрема на територијата на друга, суверена земја, се наведува во соопштението на белоруското МНР, пренесено од Тасс.

Министерство додаде дека „Минск ја иницира истрагата, во соработка со меѓународните организации, за фактите да бидат појасни“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот