Министрите за внатрешни работи од ЕУ ќе одржат средба во Брисел за состојбата во Авганистан

ЕУ Брисел/ Фото: МИА

Словенечкото претседателство со ЕУ за утре во Брисел свика вонреден состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ за ситуацијата во Авганистан.

„Сакаме да ја координираме позицијата на ЕУ за одговор на потенцијалното влијание на ситуацијата во Авганистан врз мигрантската и безбедносната состојба во ЕУ“ рече словенечкиот министер за внатрешни работи Алес Хојс, кој ќе претседава со утрешниот состанок.

Словенечкото претседателство ќе се обиде да усвои заедничка изјава на министрите за внатрешни работи на ЕУ на состанокот. – Целта е исто така да се развие сет мерки што ќе помогнат да се спречи повторување на сценариото од 2015 година, кога земјите-членки се соочија со висок миграциски притисок, додаде Хојс.

Покрај министрите, на состанокот се поканети и претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешна акција, Фронтекс, Европол, Европската канцеларија за поддршка на азиланти и координаторот на ЕУ за борба против тероризмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот