Министрите за надворешни работи на Г7 во мај ќе одржат состанок со физичко присуство

epa07795129 Britain's Prime Minister Boris Johnson waits to meet with Japanese Prime Minister Shinzo Abe (unseen) for their bilateral talks during the G7 summit in Biarritz, France, 26 August 2019. The G7 Summit runs from 24 to 26 August in Biarritz. EPA-EFE/ANDREW PARSONS / POOL

Велика Британија соопшти дека министрите за надворешни работи на земјите од Г7 на почетокот на мај ќе го одржат првиот „физички” состанок во изминатите две години.

Велика Британија е ротирачки претседател на групата.

Последниот состанок на министрите за надворешни работи на Г7 со физичко присуство се одржа во северозападна Франција во април 2019 година. Оттогаш, состаноците беа онлајн поради пандемијата на коронавирусот.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб рече дека се воспоставени строги мерки, вклучително и дневни тестови за коронавирус. Средбата ќе се одржи во Лондон од 3 до 5 мај.

Кабинетот на Раб го опиша состанокот како „клучна можност за заживување на личната дипломатија”. Тие ќе се фокусираат на глобалниот одговор на пандемијата и конкретно на вакцините. Меѓу другите теми се и пристапот на девојчињата до образование, климатски цели и борба против гладот.

На министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД ќе им се придружат и претставници на ЕУ. Исто така се поканети Индија, Австралија, Јужна Кореја, Јужна Африка и претседателот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот