Министрите за надворешни работи на ЕУ утре за вакцините за Западен Балкан

Знамиња на ЕУ / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

По лидерите, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ утре ќе ја разгледаат можноста за ажурирање на стратегијата за поделба на вакцините против Ковид-19 со трети земји, пред сè со земјите од Западен Балкан и соседите.

Состанокот на Советот за надворешни работи почнува утре во 9:00 часот, а ќе го води шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.

Како што е наведено во Брисел, првата точка на дневниот ред ќе биде презентирање на Борел на стратегијата на ЕУ за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на трети земји и други напори на ЕУ да се обезбеди еднаков и фер пристап до безбедни вакцини на глобално ниво.

Министрите потоа ќе разменат мислења за неодамнешното апсење на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални по неговото враќање во Русија на 17 јануари 2021 година.

Советот, меѓу другото, ќе дискутира и за трансатлантските односи, со цел иден ангажман со новата американска администрација по инаугурацијата на Џозеф Бајден за 46 претседател на САД на 20 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот