Министрите од Г-20 не успеаја да се договорат за поамбициозни климатски цели

Г20 / Фото: Архива на Слободен печат

Министрите од Г-20 одговорни за климата, енергетиката и животната средина на состанокот во Неапол не успеаја да се договорат за поамбициозни цели во спроведувањето на Парискиот договор.

– Неколку земји во заедничката завршна декларација не сакаа да прифатат обврска за задржување на глобалното затоплување под 1,5 Целзиусови степени, рече италијанскиот министер за животна средина Роберто Чинголани по состанокот.

Наместо тоа, земјите се обврзаа само на претходната цел на Парискиот договор да го задржат глобалното затоплување далеку под два степена и да продолжат со напорите за негово намалување на 1,5 степени, се наведува во декларацијата.
Земјата веќе се загреа за околу 1,2 степени во споредба со прединдустриските времиња, со фатални последици од климата. Во зависност од регионот, се забележуваат посериозни настани поврзани со климата, вклучително жештина, суша, обилни дождови, бури и поплави.

Дводневниот состанок беше подготовка на самитот на Г-20 што треба да се одржи во Рим кон крајот на октомври.

Групата од 20 економски моќни земји има членки на сите континенти и ги вклучува САД, Кина, Русија и Германија.

Шефицата на ОН за климатски работи, Патриша Еспиноза предупреди дека Г-20 е одговорна за 80 проценти од сите глобални емисии. Таа ги повика земјите на глобалната конференција за климатизација, закажана за ноември во Глазгов, да покажат одлучност да го спречат затоплувањето.

Претходно, министерот Чинголани рече дека „најбогатите земји-членки на Г-20 првпат во историјата ја препознаа врската помеѓу климатските промени, животната средина, енергијата и сиромаштијата”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот