Министрите на земјите од Вишеградската група ја повикаа ЕУ да даде пристапни преговори за Скопје и Тирана

Фото: Профимедиа/Илустрација

Почетокот на пристапните преговори е важен чекор на патот за влезот во Европската Унија, но не треба да биде протолкувано со членството, аргументираа министрите за надворешни работи на земјите од Випшеградската група за „Политико“.

Тие истакнуваат дека интеграциите во ЕУ се процес кој е базиран на завршени обврски, кој има за цел да им помогне на земјите од Западен Балкан да ги спроведуваат реформите за членство во Унијата, во исто време додека го подобруваат квалитетот на животот на нивните граѓани.

– Годините кои се потребни за да се завршат пристапните преговори исто така ќе ѝ овозможат на ЕУ доволно време за длабинска дискусија и имплементација на промените кои се неопходни за добро функционирање на Унијата, пред влезот на новите членки – сметаат министрите за надворешни работи на земјите членки на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

Тие исто така потенцираат дека инкорпорирањето на Западниот Балкан во Унијата е во политичкиот, економскиот и безбедносниот интерес на ЕУ.

– Позитивната одлука ќе испрати јасен сигнал дека ЕУ ги препознава конкретните резултати со исполнувањето на нивните услови. Исто така, ќе му овозможи на регионот нов импулс за понатамошни реформи и трансформации – сметаат министрите Томаш Петричек, Петер Сијарто, Јацек Капутович и Мирослав Лајчак.

Тие посочиуваат дека Македонија и Албанија ги исполниле условите на ЕУ, со спроведување на комплексни домашни реформи. Дополнително, Македонија го заврши спорот со Грција со потпишувањето на историскиот Преспански договор.

– Прашањата пред нас (Брегзит, миграцијата, нестабилноста во регионот, почетокот на новата Европска комисија) не смее да го одвлечат вниманието од тоа што Европската Унија успеа да го оствари на Западниот Балкан – и што уште во иднина може да оствари со придржувањето до обврските кои си ги поставија во регионот – пишуваат тие.

Со овозможувањето на Македонија и Албанија да го направат следниот чекор во интеграцискиот процес, ЕУ ќе го прифати фактот дека само преку интеграцијата на Западниот Балкан, Унијата може да биде комплетна и долгорочните интереси правилно да бидат заштитени, сметаат министрите на земјите од Вишеградската група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот