Министрите на ЕУ изразија „солидарност“ со Париз во кризата со Вашингтон

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY HANDOUT -- MANDATORY CREDIT -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Земјите од ЕУ ѝ дадоа „поддршка“ на Франција во кризата со подморниците со Вашингтон, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Министрите за надворешни работи на 27-те земји, кои се состанаа на маргините на годишната сесија на Генералното собрание на ОН, „јасно ја изразија својата солидарност со Франција”, истакна тој.

Минатата недела беше објавено дека е формиран троен безбедносен сојуз меѓу САД, Австралија и Велика Британија со цел да се спротивстават на Кина.

Со овој пакт, Франција го загуби профитабилниот бизнис за продажба на подморници на Австралија, која се сврте кон Американците и Британија, што го налути Париз, кој тврди дека сојузот е направен зад неговиот грб.

Оваа ситуација повторно укажува на потребата од „зајакнување на капацитетот на европската одбрана”, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот