Министерството за здравство со реакција до ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на смртност од Ковид-19 во земјата е далеку под европскиот и светскиот просек

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

ВМРО –ДПМНЕ упорно пласира во јавноста тези дека процентот на смртност во нашата земја е далеку над останатите земји во регионот, европскиот и светскиот просек.

Смртноста од Ковид-19 во земјава не е највисока во регионот и таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заразени.

Процентот на смртност од вкупниот број потврдени со Ковид -19 во РС Македонија изнесува 5.8%, а со повисок процент на смртност во регионот се Словенија со 7.3%, Босна и Херцеговина со 6.2%, Грција со 6.0%.

Процентот на смртност во нашата земја е под светскиот просек кој изнесува 6.17% и далеку под европскиот просек кој изнесува 8.75%. Ако се земат во предвид процентите на високо-развиените европски земји како што се, Белгија со 16.26%, Франција со 15.63%, Италија со 14.31%, Велика Британија со 14.02% и Шведска со 12.03%, Република Северна Македонија има два до три пати помала стапка на смртност.

Притоа, Република Северна Македонија е земја која зема постмортем брсиеви на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин се изолираат контактите на починатиот и се превенира понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од ковид-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот