Министерството за здравство и Сојузот на дијабетичари денеска потпишаа Меморандум за соработка

Директорката на Клиниката за Ендокринологија, д-р Саша Јовановска Мишевска/ Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Министерството за здравство и  Сојузот на дијабетичари денеска потпишаа Меморандум за соработка. 

„Ние како земја влегуваме во земји со висока стапка на дијабетес. Очекуваме на антидиијабетичната терапија, и системи на континуирано следење на гликемијата и нивна достапност за поголем број на пациенти. Неопхондо е да бидеме повеќе едуцирани за дијабетесот. Табеларната терапија глукомери да се набави, но не само за деца туку и за возрасни. Така би биле најсреќни“, рече претседателот на Сојузот на дијабетичари Димче Велев.

Боцкањето по неколку пати во еден ден за да се утврди шеќерот во крвта ќе стане минато со набавката на сензорите за мерење на гликемија. Ова особено ќе го олесни следењето на нивото на шеќер во крвта кај децата, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на одбележувањето на светскиот ден на дијабетесот.

Директорката на Клиниката за Ендокринологија, д-р Саша Јовановска Мишевска потсети дека оваа година славиме сто години од откривање на инсулинот.

„Сега имаме инсулини кои продолжуваат и спасуваат животи. Дијабтесот сега се перцепира како состојба отколку како болест. Како ендокринолози повеќе не размислуваме само за гликемиските вредности туку и на кардио ефектот. Се развиваат паметни инсулински пенкала, терапевтски и технолошки иновации за следење на дијабет. Во иднина може да се очекува примање на инсулин еднаш неделно. Горда сум што сме во чекор со современиот свет, ординираме современа терапија, пациентите се со добри гликемии, подобрен квалитет на живот“, рече Мишевска.

Во Македонија со дијабетес живеат 220 илјади лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот