Министерството за здравство апелира медиумите да објавуваат исклучиво официјални податоци за Ковид-19

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за состојбата со коронавирусот ги известува сите медиуми истовремено веднаш откако ќе ги добие официјалните податоци од Институтот за јавно здравје.

Со оглед на тоа што во изминативе денови, неколку медиуми први информираат за статистиката на денот ги замолуваме сите медиуми – да се држат исклучиво до официјалните информации кои излегуваат од релевантните институции наместо да користат лични контакти за информирање.

Состојбата во државата е вонредна и овие моменти не би требало да се користат за ексклузивитет – затоа што податоците може да бидат неточни, но и податоци без детална информација предизвикуваат страв и паника кај семејствата кои се лекуваат од КОВИД-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како и во останатите јавно-здравствени установи.

Апелираме на солидарност и грижа во овие моменти. Ве замолуваме за известувањето во однос на состојбата со пациентите да се информирате исклучиво од Министерството за здравство.

Ви благодариме на соработката и поддршката која ни ја давате во изминатиот период – соработката продолжува и понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот