Министерството за одрбана на Русија ќе отвори претставништво во Србија за јакнење на воените врски

Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Српското Министерство за одбрана денеска соопшти дека е почната постапка за отворање на претставништво на Министерството за одбрана на Русија во Србија.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Претставништвото во Србија се формира со цел да се помогне на српската страна во решавање на прашања од областа на воената и воено-техничката соработка, давање насоки за активности на руски воени специјалци во Србија за давање помош во изградбата на оружените сили на земјата, обука за употреба и поправка на вооружувањето и воената техника испорачана од Русија.

Српското Министерство за одбрана денеска прецизира дека во претходниот период е поведена законски постапка, која претходи на склучување на Договорот меѓу двете влади за формирање претставништво на Министерството за одбрана на Русија во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот