Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување

За порталот „Слободен печат“ пристигна реакција на Министерството за одбрана, која се однесува за сексуално вознемирување на припадничка на Армијата, кое се случило пред два дена во касарната во Куманово.

Оттаму, во реакцијата велат дека Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување.

-Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже министерството ќе има нулта толеранција- стои во реакцијата од министерството.

Имено, вработена во македонската армија пред два дена пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков”, потврди денеска МВР.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот