Министерството за одбрана на Србија ги повикува младите да служат воен рок

Српски војници / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерството за одбрана и војската на Србија во август ќе организираат претставување на доброволното служење на воениот рок во пет градови и општини во Србија, соопшти Министерството, а пренесува Н1инфо.рс. 

Младите кои веќе донеле одлука за служење на воен рок ќе можат да ги пополнат пријавите и да ја започнат процедурата. 

Како што наведува министерството за одбрана на Србија, најголемиот дел од заинтересираните млади имаат намера да продолжат со служење на професионална воена служба. 

„Подобрувањето на условите за работа и животниот стандард на припадниците на војската, значајното инвестирање во опремата и современото вооружување придонесоа одбранбениот систем да стане посакувана средина за младите“ се вели во соопштението. 

Ваквиот оглас за пријавување во Србија ќе биде постојано отворен. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот