Министерството за култура со честитка за Илинден: Овој празик е вечно потсетување на она што го имаме и што го живееме денеска

министерство за култура
Министерство за култура / Фото: Слободен печат

Министерството за култура упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија по повод еден од најзначајните празници, чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

– Илинден претставува голем македонски национален празник, кој неосмнено има посебно значење за историјата на македонскиот народ. Не само заради важните датуми од историјата кога на 2 август 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ, туку овој празик е вечно потсетување на она што го имаме и што го живееме денеска. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, и на сите оние кои со своето дело и подвизи трајно се вградиле во овој чин, стои во честитката.

Овој ден, се посочува во честитката, е уште еден повод за благодарност, за тоа што денеска живееме во современа, независна и меѓународно признаена држава, но и потсетување да продолжиме во мир и заедништво да ја градиме државата во духот на европските вредности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот