За иновативност, претприемништво и конкурентност – 1,1 милион евра од државата

Со мерките за поддршка на претприемништво, конкурентност и иновативност за малите и за средните претпријатија, ќе продолжиме и годинава, најави министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес конференција.

– За компаниите, занаетчите, различни фонадации и здруженија, за реализација на нивните бизнис активности, Министерството за економија во програмата за претпремништво, конкуренстност и иновативност обезбеди 68,8 милиони денари (околу 1,1 милион евра н.з), рече Бектеши.

Притоа, објасни Бектеши, за поддршка на микро, мали и средни пертепријатија има 50 милиони денари. За мерките што произлегуваат од Индустриската стратегија има 13 милиони денари, за поддршка на кластерското здружување, има 4,8 милиони денари, а за мерки за инвестиции и општествена одговорност се наменети 1 милион денари.

Бројот на фирмите за кои ќе се однесуваат јавните повици ќе зависи од квотите по планските региони, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден прв услужен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот