
Министерството вели дека делењето ваучери за клима-уреди поминало „непречено и ефикасно“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вечерва соопшти дека е „успешно реализиран процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во соопштението не се споменуваат турканиците и повеќечасовното чекање во Скопје и Битола, ниту обвинувањата од граѓани за делење ваучери по партиска основа.
„До 15 часот, беа доделени над 80% од предвидените 6.182 ваучери. Благодарение на внимателното планирање и целосната ангажираност на тимот на Министерството, процесот се одвива непречено и ефикасно, со што на граѓаните им се овозможи брзо и лесно подигнување на ваучерите“, велат од МЕРМС.
„Во рамки на процесот на доделување, до 16 часот, само во Скопје беа доделени над 1.400 ваучери или над 75% од вкупниот број. Иако на почетокот на денот беше забележана зголемена посетеност на граѓани, доделувањето се одвиваше непречено и во поголемиот дел од денот немаше долги редици пред СЦ „Борис Трајковски“. Во согласност со предвидената динамика, доделувањето успешно се спроведува и на другите 30 локации низ Македонија, каде што граѓаните можат лесно да ги подигнат своите ваучери за купување и инсталирање на инвертер клима уреди. Според првичните информации од тимовите на Министерството, во повеќето градови како Струга, Радовиш, Штип, Кичево и други, граѓаните подигнале над 90% од ваучерите, што е доказ за успешноста на овој начин на дистрибуција на ваучерите“, соопштуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.