Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со граѓаните, нека се истражи случајот со респираторите

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Министерството за здрваство во целост ги демантира овие шпекулации кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги пласира во јавноста.

И покрај тоа што нема никаков случај, ниту пак некаква неправилност во однос на набавката за респираторни машини, ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува со бесмислени прес конференции, пишува во денешното соопштение од МИнистерството за здравство.

-Единствена намена на овие прес-конференци е да одржуваат во јавност непостоечка тема и да ги манипулират граѓаните. За каков криминал или неправилност зборува ВМРО-ДПМНЕ кога набавката за респиратори воопшто не се реализираше откако компаниите се откажаа заради тоа што не можат да го испорачаат договреното? На сите им е јасно дека набавка на респиратори во овие моменти е исклучително тешка заради дефицитот на машини во светот. Откажувањето на компаниите во вакви тепки услови за работа и дефицит не е ништо чудно или неочекувано- се наведува во соопштението до минитсерството.

Што точно проблематизира ВМРО-ДПМНЕ, велат оттаму, очигледно не знаат ни самите.

Министерството за здрваство во целост ги демантира овие шпекулации кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги пласира во јавноста.

-Апелираме да престанат со замајување на јавноста и слободно да ги повикаат сите институции да го истражат овој непосточеки случај. Министерството за здрваство работи транспарентно и стоиме на располагање на сите институции кои сметаат дека треба да истражуваат- е наведено во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот