Министерство за здравство порачува дека има слободни кревети: Вкупно 833 пациенти на инфективните одделенија во државата

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Изминатите 24 часа во ковид-центрите низ земјава се пријавено 833 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектен на ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекува 61 пациент, а во Куманово 120 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 – 19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп – 114, во Гостивар – 57, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани – 17, во Кичево – 20, Кавадарци – 44, а во Гевгелија – 16 лица позитивни на коронавирусот.

– Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, наведува Министерството.

Според МЗ, вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има колку 160 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

– И покрај големиот наплив на пациенти во изминатите десетина дена постојано сме во контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени, информира Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот