Министерство за здравство: Не сме во можност да дадеме временска рамка за доигрување на првенството

фото: ffm.mk

– Одлуката за почеток на одигрување на натпреварите ќе биде донесена согласно препораките од надлежните државни тела – информираат од ФФМ.

Соочени со пандемијата CoVid-19 и здравствената криза која предизвика вонредна состојба во нашата држава, како водечко фудбалско тело во државата, Фудбалската федерација на Македонија напоменува дека здравјето на фудбалерите и фудбалските работници е на прво место и тоа е единствениот предуслов во подготовката за враќање на тренинзите на екипите од МФЛ и продолжување на националното првенството.

ФФМ ги усогласува сите препораки и мерки во соработка со координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус, со цел да се осигура дека тренинзите и натпреварите ќе се одржуваат во услови на најмал ризик од ширење на Ковид-19.

Одлуката за почеток на одигрување на натпреварите ќе биде донесена согласно препораките од надлежните државни тела. Фудбалската федерација на Македонија е во постојана комуникација со здравствените институции, но и УЕФА, и конечната одлука околу продолжување на националното првенство ќе биде донесена согласно насоките добиени од Министерството за здравство (Главен координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19).

До овој момент, на барање на Фудбалската федерација на Македонија, Министерството за здравство ја информираше федерацијата дека имајќи ја в предвид епидемиолошката состојба во државата, тие не се во можност да дадат временска рамка за тоа кога би можело да се изврши доигрување на првенството од натпреварувачката сезона 2019/2020.

Во продолжение, одговорот од Министерство за здравство на барање на Фудбалска федерација на Македонија.

фото: ffm.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот