Министерство за здравство контра Јанушев: Имаме доволно заштина опрема, повеќе од 1 милион парчиња од различен вид

Министерството за здравство најостро ги осудува паушалните обвинувањата изнесени од страна на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ за недостаток на заштитна опрема за медицинските лица во здравствените установи со кои се шири непотребна паника без изнесени факти.

Министерството за здравство преку соопштение информира дека опрема има доволно во резервите на Министерството кои се доставуваат на редовна основа по барање на секоја здравствена установа.

-Заради проверка на користењето на заштитната опрема од страна на Министерството за здравство беше инициран и инспекциски надзор кој е спроведен од 30-ти март до 5-ти април во 79 јавно-здравствени установи и во 12 во приватни установи. Направен е увид во однос на опременоста, количината на заштитни маски, ракавици, капи, мантили за еднократна употреба, визири и калјачи,  сè  што се користи за пристап кон пациенти на соодветно ниво на здравствена заштита. Констатирани се доволни количини, како и средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенци за раце- наведуваат во соопштението од Министерството за здравство.

При инспекциските надзори, појаснуваат оттаму, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат не се констатирани неправилности по однос на користење на личната заштитна опрема од страна на здравствениот персонал.

-Дополнително на опремата која ја има Министерството за здравство, добиени се донации во заштитна опрема и тоа во големи количини – повеќе од 1 милион парчиња заштитна опрема од различен вид. Дополнително во тек е набавка за дополнување на овие количини за што е распишана покана за јавна набавка објавена на веб страницата на Министерството за здравство и тоа за: 12.000 маски N95 или сличен стандард, 20.000 скафандери, 500.000 хируршки маски, 5.000 визири и 1.200 гумени скафандери- се вели во соопштението.

Здравството и здравствените работници, потенцираат од министерството, се клучниот столб во државата и го носат најголемиот товар за да му помогнат на населението, и токму затоа треба да внимаваат и на себе, а Министерството за здравство обезбедува заштитна опрема за јавно здравствените установи и продолжува да го прави тоа во континуитет. Министерството обезбеди заштитна опрема и за матичните лекари кои ги вклучи во системот на детекција и следење на пациенти заболени од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот