Министерство за транспорт и врски: Договорите за јавни набавки се спроведуваат согласно законите

Министерството за транспорт и врски ги отфрла како невистинити информации и шпекулации тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ изнесени денеска на прес-конференција во однос на јавните набавки за изградба на канализациски систем во Индустриската зона Визбегово, како во Арачиново и нагласува дека тие се спроведени согласно законите.

– Имено за вистинско информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека во однос на изградба на фекалната канализација за ИЗ Визбегово,  јавниот повик е распишан на ден 4.10.2019 година и истиот е објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Склучен е договор на 17.12.2019 година и договорот е објавен на 23.12.2019 година, исто така, на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Во однос на изградба на фекалната канализација за општина Арачиново, распишан е јавен повик на ден 1.10.2019 година и истиот е објевен јавно на веб страната на Бирото за јавни набавки. Договор е склуен на 10.12.2019 година и договорот е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки на 19.12 2019 година, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт и врски.

Со ова, потенцираат, Министерството за транспорт и врски постапило по член 70 од Законот за јавни набавки во кој е наведено дека  Договорниот орган задолжително објавува известување за склучен договор на ЕСЈН во рок од десет дена по склучувањето на договорот во отворена постапка.

– Ова само ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за аматеризмот и непрофесионалноста со кои се служат за евтини политички поени. Ги повикуваме од ВМРО ДМПНЕ пред да објават било каква информација, доследно да ја проверат без да ја дезинформираат јавноста. Министерството за транспорт и врски како и до сега и во иднина ќе работи исклучиво во рамките на Законите и законските прописи во Република Северна Македонија, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт и врски од каде во прилог на реакцијата испраќаат и линкови за јавните објави на Бирото за јавни набавки, конкретно за двете јавни набавки.

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/986a29e0-69fc-4888-8dfd-5b6131453c16

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/3fab5a54-ce10-45f7-b1ce-4d49bcf44e07/1

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/e478d388-2e92-4ad9-8457-a072b7a672ef

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/dd76ceed-6b4c-4fd0-9728-67b0f16f6de8/1.

Стојаноски: Министерства, јавни претпријатија и општини потрошиле милиони евра наши пари преку сомнителни тендери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот