Министерство за култура со реакција на пресот на АА/А: Културата обединува, а не пресметува

министерство за култура
Министерство за култура / Фото: Слободен печат

Министерството нема да навлегува во „математиките” на партиите. Културата обединува, а не пресметува. Фактот дека лани е направен долг од три милиони евра на штета на културните работници и уметниците, доволно говори за ланската математика која била правена во Министерството, а сега е предмет на финансиската  полиција, се наведува во реакцијата на Министерството за култура по прес-конференцијата на коалицијата Алијанса на Албанците/Алтернатива (АА/А).

– Министерството за култура останува доследно на ставот дека основни критериуми според кои работеа комисиите, одлучувајќи по пријавите за Годишниот конкурс беа квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност во животот на граѓаните, поддршка на автори од различни етнички заедници, стимулирање на креативни млади творци, на ранливи и маргинализирани групи, како и реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот. Нашата земја е мултикултурна, вредност која сите заедно мора да ја негуваме и почитуваме, нагласуваат од Култура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот