12 C
Скопје

Министерство за култура: 2021 ќе биде година во чест на Блаже Конески

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за Меѓународна година на мирот и довербата, со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија.

Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија почнуваат иницијатива за приклучување кон прославата на оваа Меѓународна година со програма посветена на еден од великаните на македонската култура, Блаже Конески, по повод стогодишнината од неговото раѓање. Денот на кој се родил овој исклучителен културен деец е запишан и на Листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021 година. Оваа годишнина заслужува сите актери на културниот, академскиот и општествениот живот да ги мобилизираат своите креативни сили за достоинствено чествување на ликот и делото на Блаже Конески.

Затоа, Министерството за култура и Министерството за образование и наука подготвуваат платформа за усогласување на различните настани што ќе се одвиваат на национално и на меѓународно ниво, известија од Министерството за култура.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 51, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 октомври 2020)

Поврзани вести

Музичка биографија: Книга за светлата и за мрачната страна на „Пинк флојд“

Тони Димков

Книжевен превод: „Кревки ангели“ од Ноеми Киш

Тони Димков

Книжевност за деца: „Мала веројатност“ е роман за растењето и за приврзаноста

Тони Димков

Интервју со Ѓокица Зафировски, музичар и дизајнер: Во мојата глава живеат три персони

Тони Димков

Разговор со Ема Попивода, пијанистка: Да се работи лично со композиторот е непроценливо богатство за изведувачот

Тони Димков

Изложба на ДЛУМ: „Современа скулптура“ во уметничкиот центар „Арт хаб“

Тони Димков

Остави Коментар