Министерот за здравство Венко Филипче најави реконструкција на јавните здравствени установи

Министерот за здравство Венко Филипче на средба со новинарите денеска најави реализација на проект за реконструкција на јавните здравствени установи, вклучувајќи ги и клиниките, со кој ќе бидат опфатени нивните санитарни чворови, како и модернизација на собите и нивно опремување со монитори, кревети и телевизори.

„Во фаза сме на одредување на приоритетите за голема реконструкција на повеќе клиники“, рече Филипче и додаде дека од јавните здравствени установи 45 се приоритетни и во нив ѕидовите ќе бидат молерисани, а ќе им бидат сменети и плочките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот