Министерот за здравство: На болницата во Дебар ѝ се потребни кадар и опрема

Фото: Фејсбук, Беким Сали

Министерот за здравство Беким Сали ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која здравствени услуги нуди и за жителите од Општина Центар Жупа, а по потреба и за оние од долнореканскиот крај, Општина Маврово и Ростуше.

За посетата тој информираше преку објава на Фејсбук, во која наведува дека на оваа здравствена установа и се потребни инвестиции во опрема но и кадар.

„Имав прилика да ја посетам дебарската болница. Најпрво морам да му се заблагодарам на медицинскиот персонал, кој дава се од себе за да биде на услуга на граѓаните и нивните потреби. Болницата во Дебар веќе подолго време се соочува со недостиг на инвестиции, како во кадровско планирање, така и во професионална опрема“, напиша Сали.

Додава дека во разговорот со пациентите, лекарите и персоналот на оваа болница, констатирале дека на болницата во Дебар ѝ се потребни инвестиции во опрема и кадар за да се обезбедат најквалитетни здравствени услуги.

Болницата во континутет се соочува со недостиг пред се на лекари специјалисти. Неодамна се пензионираа неколу, а се очекува за неколку месеци во пензија да заминат и други лекари. Во меѓувреме најмалку седум лекари се на специјалзација по разни медицински гранки на клинките во Скопје.

По пензонирањето на досегашниот директор Баки Алили, познат специјалист за уво, грло и нос, вршител на должноста е педијатарот Севдие Коџа.

Видео на денот