Министерот за внатрешна безбедност на САД поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

И американскиот министер за внатрешна безбедност, Чад Волф, поднесе оставка од функцијата, со што го зголеми списокот на лица кои предвреме ја напуштаат администрацијата на претседателот Трамп по нередите во Вашингтон.

Својата одлука Волф ја објасни во писмо до министерството, до кое пристап имаше Си-Ен-Ен.

„Жалам што морав да го направам овој чекор, бидејќи мојата намера беше да му служам на министерството до крајот на мандатот на оваа администрација”, напиша Волф.

Наместо Волф, нов министер само неколку дена ќе биде Пит Гејнор.

Волф беше на должноста 14 месеци и е последниот од администрацијата на Трамп кој во изминатите денови ја напушта функцијата, иако не е јасно дали неговата оставка е поврзана со минатонеделните инциденти.

Оставки, исто така, поднесоа и Бетси Девос, која беше министер за образование и Елејн Чао, која беше министер за транспорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот