Министерот за одбрана на Косово го замоли Курти да се предомисли и да ја спаси Владата

Фото: МИА

Министерот за одбрана на Косово Антон Ќуни, кој е од редовите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), на денешната седница Собранието на која се расправа за иницијатива на неговата партија за смена на актуелната влада, побара од премиерот Албин Курти во текот на паузата на собраниската седница да најде начин да го спречи растурањето на актуелната коалиција.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Ќуни непосредно по попладневната пауза на седницата која започна околу пладне, побара од Курти да ја повлече одлуката за разрешување на министерот за внатрени работи Агим Велиу, што беше повод за иницирањето од страна на ЛДК на гласањето за недоверба на Влдата.

Ќуни ја презеде одговорноста во текот на паузата на собраниската седница да разговара со лидерот на ЛДК Иса Мустафа и со пратениците од неговата партија за повлекување на барањето за смена на владата, доколку Курти ја смени одлуката за разрешување на Велиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот