Министерот за локална самоуправа Милевски во работна посета во Албанија

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска е во работна посета во Република Албанија. На средбата со Зеф Мази, главниот преговарач/национален ИПА координатор и заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја, ќе се разговара за приоритетите во новата Програма за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, во рамките на ИПА III програмскиот период 2021-2027 година.

Како што соопштија денеска од Минстерството за локална самоуправа, така ќе се разговара за искуствата од досегашната имплементација на ИПА II и за потенцијалните стратешки проекти кои би се финансирале со средства од предпристапните фондови на Европската Унија, наменети за прекугранична соработка, во следниот програмски период до 2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот