Министерот за евроинтеграции бара советник за 55.304 денари, завршен факултет не е услов

Министерот за евроинтеграции и вицепремиер во Владата, Бујар Османи бара посебен советник за неговиот кабинет за поддршка на процесот на евроинтеграции. Огласот кој е објавен во дневните весници Османи го сподели и на својот Фејсбук профил.

„Министерството за Европските прашања претставуваат вистински престиж за секој кој се смета подготвен да се справи со предизвиците на европските интеграции. Пријавете се и бидете дел од тимот кој работи на пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија“, напиша Османи.

Иако советникот треба да го советува министерот за точно утврдена област сепак условите на огласот се толку општи што не се бара ниту да има завршено високо образование. Советникот ќе добива плата од 36.886 денари, а заедно со придонесите за него од буџетот на Владата ќе се издвојуваат 55.304 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот