Министерот Спасовски во посета на реконструираното полициско одделение Ростуше

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Полициското одделение Ростуше заедно со раководството на оваа полициска организациона единица имаше работна средба со претставници на локалната власт на чело со градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски.

Истакнувајќи задоволството од средбата, министерот Спасовски нагласи дека радува фактот што токму денеска се промовира 56-тиот реконструиран објект на МВР – целосно енергетски ефикасен, објектот на Полициското одделение Ростуше.

“Всушност ова е дел од реализацијата на заложбите на министерството, на раководството на министерството, за создавање на што е можно подобри услови за работа на полициските службеници, но и за подобри услови на граѓаните во остварувањето на своите права, и секако на тој начин и креирање на поголема мотивација и подигање на нивото на безбедноста на граѓаните”, нагласи Спасовски.

Министерот Спасовски посочи дека на работниот состанок, во однос на работењето на Полициското одделение како и во однос на на потребите на општината и граѓаните, заеднички е констатирано дека ова подрачје е исклучително мирно без никакви посебности во делот на криминалитетот и дека споредбено 2021 година во однос на 2020 ја карактеризира намалување на криминалитетот и нарушувањето на јавниот ред и мир.

Според Спасовски – “тоа покажува дека на стратешко ниво добро се поставени работите во делот на функционирањето и на министерството и на ова полициско одделение”.

Министерот Спасовски исто така истакна дека основа на заедничката соработка е градењето на тој партнерски принцип на функционирање помеѓу локалната заедница и МВР, затоа што безбедноста не зависи само од една институција – туку , безбедноста сме сите ние и колку што сите заедно ќе се вложиме во безбедноста, толку таа ќе биде и поголема”.

Покрај ова, министерот Спасовски информираше дека во рамките на целосната реконструкција на објектот на ПО Ростуше се вложени околу пет милиони денари, финансиски средства од буџетото на МВР.

“Овде не застануваме, нашата цел е до крајот на оваа година и дел од наредната, да ги завршиме сите објекти кои што МВР проектирало да ги заврши. Сега моментално се во тек подоготовките за реконструкција полициските одделение во Крушево и во општина Чашка како и објектот на ОВР Прилеп. И она што е особено важно а што ќе следуваат во наредниот период ќе биде и почетокот на градбата на новата полициска станица во општина Аеродром во Скопје, затоа што покрај реконструкцијата настојуваме да градиме и нови објекти”, потенцираше министерот Спасовски.

На крајот од својата изјава министерот Спасовски истакнувајќи ја неспорната поддршка што граѓаните на Реканскиот крај ја имаат од Владата за сите проекти, односни за се што е потребно за подобрување на условите за живот, нагласи дека во последните години се покажа дека може со една посветеност да се реализираат многу проекти да се покаже дека може многу поинаку од она што било во минатиот период, да се подобри значително инфраструктурата и на тој начин да се мотивираат сите граѓани овде да продолжат да ја градат својата иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот