Министерот Османи во официјална посета на Црна Гора

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за надворешни работи на Бујар Османи, денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на неговиот црногорски колега Ѓорге Радуловиќ. Како што соопшти МНР, во рамките на посетата, Османи ќе има средби со целиот државен врв на земјата. Покрај со домаќинот, Османи ќе има средби и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со првиот човек на црногорскиот Парламент, Алекса Бечиќ, со премиерот Здравко Кривокапиќ, како и со вицепремиерот Дритан Абазовиќ.

– Се очекува, на разговорите да бидат потврдени блиските и пријателски односи меѓу двете земји, но и детално разгледување на начините како да се продлабочи соработката, особено економската, која треба да ги следи многу добрите политички односи, преку изнаоѓање на нови форми и содржини за збогатување на трговската размена, наведуваат од МНР.

Во споделувањето на мислења и ставовите посебно внимание, се посочува во соопштението, ќе биде ставено на соработката во рамките на НАТО, како земји сојузници и во процесот на интеграцијата во Европската унија, во која двете држави имаат заедничка цел и перспектива. Во тој контекст, ќе се разговара и за регионалната соработка и иницијативи, кои имаат клучна улога во развојот на добрососедските односи и нивното значење за меѓусебната соработка и европската иднина на секоја земја поединечно и регионот како целина, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот