Министерот Оливер Спасовски оздраве од ковид-19: Оваа битка е многу добро животно искуство

По речиси едномесечна пауза поради борба со болеста ковид-19, на работа во министерството за внатрешни работи се врати министерот Оливер Спасовски.

Тој утрово во интервју за ТВ 24 објасни за својата битка со болеста поради што мораше да замине и на болничко лекување на Инфективната клиника во Скопје.

Оваа битка е многу добро животно искуство и со таа помисла, со позитивна мисла, со помош на лекарите, со поддршка од лекарите, од семејството, и пријатели успеав и во никој момент не помислив на ништо друго, туку да заврши таа битка со ковид и повторно да се вратам на обврските, да им служам на граѓаните и да ги извршувам обврските, рече Спасовски и додаде:

Психилошкиот момент, добра мисла и желба да се изборите со болеста како и поддршката од семејството се важни, но најголема заслуга имаа лекарите кои 24 часа се борат со болеста, рече Спасовски.

Тој упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, задолжително да носат маски и да држат дистанца.

Спасовски упати поддршка до лекарите и медицинскиот персонал, а на граѓаните кои имаат симптоми на ковид-19 им порача навремено да се јават на лекар зошто тоа е клучно во справувањето со овој невидлив непријател.

Спасовски го победи ковид-19, се враќа на своите работни обврски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот