Министерот Наќе Чулев во работна посета на ПО Шуто Оризари

На средбата Министерот истакна дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање на фер, демократски и мирни избори. 

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна посета на Полициското одделение Шуто Оризари.

На средбата Министерот истакна дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање на фер, демократски и мирни избори.

На средбата Министерот беше запознаен со актуелната безбедносна состојба во општината и последните статистички податоци поврзани со криминалитетот на локално ниво.

Министерот Чулев потенцираше дека полицијата е служба на граѓаните и дека полициските службеници мора да работат во интерес на граѓаните и имаат обврска да го гарантираат мирот и безбедноста на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот