Министерот Манчевски го зачисти Скопје (ФОТО)

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски денеска чистеше со граѓанското здружение „Не биди ѓубре“.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Манчевски ја најави акцијата за чистење која ќе се одржи во сабота со почеток во 9 часот, каде јавната администрација ќе се вклучат во оваа акција за почиста околина.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Манчевски се заблагодари на здружението „Не биди ѓубре“ кое помогнало за да се мапираат локациите. Станува збор за 20 локации низ град Скопје.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

-Ќе се чисти езерцето Треска, Бихачка, Аквадуктот, железничката и автобуската станица, околина кај Собранието, целиот кеј на реката Вардар и многу други локации- истакна Манчевски.

Град Скопје обезбеди превоз за подалечните места, а заинтересираноста е голема, вели Манчевски.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Инаку, според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот