Министерот Филипче оперираше вечерва: На колегите им посакувам мирна ноќ!

Фото: Фејсбук

Новогодишната ноќ многу здравствени работници ќе ја поминат со пациентите сместени на болничко лекување претежно во ковид центрите во земјата, а меѓу нив е и министерот за здравство, Венко Филипче кој вечерва ја поминува во операцината сала, оперирајќи пациент со тумор на мозокот.

-Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. ? Секогаш е задоволство да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ. Среќна нова година!, порача министерот Филипче.

Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. ? Секогаш е задоволство да работиш со млади…

Posted by Венко Филипче on Thursday, December 31, 2020

 

Министерот Филипче утрово упати честитка до граѓаните и видео порака:

-Ако нешто нé научи оваа 2020 година, тоа е дека здравјето, семејството и најблиските се највисоките животни приоритети. Затоа, оваа година да прославиме поинаку. Да останеме дома и да ги оставиме големите прослави за некои други, посигурни времиња. Така, секој од нас ќе даде свој придонес во борбата, секоја следна година да ни биде поубава од оваа, соопшти министерот Филипче.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот