Министерот Филипче доби и партиска функција

Министерот за здравство, Венко Филипче, од вчера доби и партиска функција, ќе ја води Комисијата за здравство на СДСМ.

За него подолго време се шпекулираше дека може да биде разрешен од функцијата министер, но се чини дека наместо тоа, тој ја зацементира својата позиција во Владата. Упатените коментираат дека тоа не се должи на добро водење на секторот, туку има некоја друга позадина.

Филипче инаку беше и близок соработник на поранешниот министер за здравство од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров и член на професорскиот Контрапленум, поради што и беше малку збунувачки како стана министер за здравство во владата на СДСМ. Сепак Филипче вели дека член на СДСМ е од 1998 година.

Инаку вчера Централниот одбор на СДСМ именуваше повеќе претседатели на партиските комисии. За претседател на Комисијата за внатрешни работи избран е  проф.д-р Зоран Верушевски, а Бојан Маричиќ, кој е технички преговарач во преговорите со ЕУ, ќе биде претседател на Комисијата за европски прашања. Комисијата за култура ќе ја води Роберт Алаѓозовски, кој е поранешен министер за култура и актуелен советник во Владата. И министерот Едмонд Адеми доби партиска функција, ќе биде претседател на Комисијата за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот