Министерот Бесими на средба со австрискиот амбасадор

Фото: Радио Слободна Европа
Спроведување на стратегијата за економско заздравување и забрзан раст – SmartER growth, даночната стратегија, но и продлабочување на соработката во делот на СДИ, беа тема на разговор меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

– Главна цел ни е спроведување на моделот за економски раст којшто ќе поддржи остварување двојно повисок раст во однос на претходните десет години, 4,1 проценти раст на БДП во 2021, 4,6 проценти раст во 2022 година и 5,9 проценти раст во 2025 година. Ова ќе се овозможи преку спроведување на Стратегијата за економско заздравување –  SmartER growth, којашто се темели на четири главни столбови: економско заздравување од Ковид-19, забрзан инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси, истакнал Бесими.

Тој посочил дека ќе се врши и постепена фискална консолидација со која буџетскиот дефицит веќе следната година ќе се намали за 3,6 процентни поени.

На средбата, како што соопшти денеска Министерството за финансии, била потврдена поддршката од Австрија за европските интерграции на земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот