Министерот Бар ја брани интервенцијата на федералните агенти во немирите во Портланд

epa08568345 Black Lives Matter protesters against racism and police brutality protest in downtown Portland, Oregon, USA, 27 July 2020. According to reports, thousands of Black Lives Matter protesters clashed with local police and federal agents during violent riots as protesters stormed the Justice Center and broke through its fence demanding withdrawal of federal agents deployed to the city by US President Trump administration from the city. EPA-EFE/DAVID SWANSON

Американскиот министер за правда Вилијам Бар мирно себеси се гледа како бранител на „правната држава” во однос на протестите во Портланд.

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар пред конгресниот Комитет за правда ја бранеше интервенцијата на федералните агенти во немирите во Портланд, кои, според него,  веќе немаат никаква врска со смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува Хина.

Бар ги отфрли обвинувањата на Џери Надлер, претседател на Комитетот за правда, што е под контрола на демократите, дека со програмата наречена „Операција легенда” има за цел да му помогне на претседателот Доналд Трамп повторно да победи на изборите.

Програмата вклучува испраќање припадници на сојузните сили да и помогнат на локалната полиција во борбата против наглото зголемување на насилните злосторства.

-Под ваше водство, улиците на американските градови се преплавени со федерални агенти, за да се обезбедат добри снимки во кампањата на претседателот Трамп, рече Надлер, додавајќи „срам да ви е, главен државен обвинителе”.

На оваа отворена прозивка министерот Бар мирно возврати дека е бранител на „правната држава”.

Трамп се надева дека на 3 ноември ќе освои нов мандат, а еден од неговите главни предизборни слогани е „закон и ред”.

-Насилните демонстранти и анархисти легитимните демонстрации ги искористија за извршување грабежи и уништувања, рече Бар, опишувајќи ги апокалиптичните снимки во Портланд.

Демократските пратеници ги обвинија федералните агенти за напад врз „мирните демонстранти” и за долевање масло на огнот место да ја смируваат ситуацијата, додека републиканците реагираат дека станува збор за криминалци.

Претседателот Трамп ги критикува демократите, кои се на власт во градовите и федералните држави каде расте криминалот, и се надева дека неговата програма за „закон и ред” ќе ја зголеми неговата популарност на четири месеци пред изборите.

На сослушувањето, Бар ја бранеше полицијата и ги отфрли тврдењата дека американската полиција е „системски расистичка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот