Министерката за образование на Албанија се правда: Ненамерно е ставено Косово под Србија

Министерката за образование на Албанија, Беса Шаини реагираше после објавената вест дека во книгата по предметот „Граѓанство“, на карта, Косово е се уште дел од Србија.

Таа вели дека станува збор за ненамерна грешка.

„Косово е Република и како таква е признаена од Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, 23 земји членки на ЕУ, САД, и многу други земји. Но, од авторот на книгата, уредникот на издавачката куќа и комисијата која дозволи да се печати книгата, не можеле да видат дека Косово ја нема на картата“, пишува министерката Шаини.

Таа вели дека оваа не е единствената грешка, но доброто е што во моментот се води процес на ревидирање на сите училишни книги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот