Министерката за надворешни работи на Шведска денеска во официјална посета на Скопје

Фото: Миа

Министерката за надворешни работи на Кралство Шведска, Ан Линде денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија на покана на нејзиниот македонски колега, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, Линде во рамки на посетата ќе биде примена и од претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе се сретне и со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На средбите се очекува да бидат разменети мислења за домашните случувања, реформската агенда и следните чекори поврзани со европската перспектива на Северна Македонија по октомврискиот Европски совет, потоа за регионалната динамика и други актуелни меѓународни прашања, како и за севкупните билатерални односи и соработка меѓу Северна Македонија и Шведска, наведуваат од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот